„Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на коронавирусот ковид-19 на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт“, пишува во соопштението од Агенцијата.
Како што велат оттаму, ги потсетуваат здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикациското подрачје, како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт.
Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели, а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје будно ја следи употребата на антибиотиците за системска употреба.






