недела, 24 мај 2026

Луѓето заборавија да носат маски, се надевам со олабавување на мерките нема да надминеме 1.000 случаи дневно, вели Пановски

Објавено на

часот

Сподели

„Кај нас кафаните и кафичите и во вториот и во третиот бран беа местата каде народот природно се имунизираше. Меѓутоа, многумина од тие природно имунизирани не се меѓу нас или имаат теши последици. Според мене, мерките треба да се прават за да се спречи ширење. Треба да се вратиме на повторна кампања и за вакцина и за заштита. Луѓето заборавија да носат маски и навистина ова со рестораните и со свадбите во затворен простор, кафулиња… Очекувам да има покачување до 1.000 случаи, се надевам не повеќе“, изјави Пановски за Телма. 

Владата вчера на седница согласно моменталната епидемиолошка состојба во државата, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе заклучок да се дозволи организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50 проценти исполнетост од капацитетот на просторот.

Се дозволува и работа на барови и ноќни клубови – дискотеки, како и на угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) во затворениот дел на објектите до 50 посто исполнетост од капацитетот на просторот.

„Се дозволува влез во секаков вид на објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии, ресторани, барови, ноќни клубови-дискотеки), во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување), на бензинските станици, во казината и обложувалниците, во други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, во угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично), како и се дозволува влез каде што се одржува настан од секаков друг вид (концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани), на посетители / гости / лица, со поседување и приложување на еден од следните документи”, соопшти владината прес-служба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ