недела, 24 мај 2026

Лекарска комора: Во услови на пандемија да не се дозволи да страда дијагностиката на ретките болести

Објавено на

часот

Сподели

Настанот го модерираше претседателката на Лекарската комора, проф.д-р Калина Гривчева Старделова, а стручен осврт кон ова ретко генетско и потенцијално живото-загрозувачко заболување даде проф. д-р Весна Гривчева Пановска од Универзитетската Клиника за дерматологија.

„Во услови на пандемија многу е важно да не се дозволи да страда дијагностиката, односно не треба да се избегнува упатување на пациентите затоа што се тешки времиња. Секогаш ќе има „тешки времиња”, a пациентот не мора да биде секогаш присутен. Може да се испрати само епрувета со крв за анализа и на тој начин пациентот воопшто нема да има контакт со лабораторија во која доаѓаат потенцијално ковид-позитивни пациенти“, истакна проф. д-р Гривчева Пановска.

„Пациентите кај себе секогаш имаат терапија за најмалку два напади, а поради пандемијата се погриживме да имаат и поголема резерва, бидејќи еден дел од здравствените установи беа трансформирани во ковид центри. Предизвик за пациентите е давањето на терапијата, бидејќи таа се дава субкутано или интравенски. За да го надминеме тоа сите пациенти и полнолетни членови на нивните семејства ги обучивме како да даваат терапија, а исто така имаме и тим за интервентни ситуации кој доколку пациентот не може сам да аплицира терапија, реагира во рок од петнаесетина минути“, појасни проф. д-р Гривчева Пановска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ