недела, 24 мај 2026

Лабораториски потврдени два случаи на грип од паралелни тестирања за ковид-19 и грип

Објавено на

часот

Сподели

Од Институтот за јавно здравје информираат дека во анализираните денови од 15 до 21 ноември во земјава од лекарите „се пријавени 69 случаи на грип или на заболувања слични на грипот“, односно тоа се случаи кои не се лабораториски потврдени.

Најмногу случаи на болни од грип или на заболувања слични на грипот се пријавени во Дебар – 30, во Гостивар – 18, во Охрид – 11, во Кавадарци – 8 и во Струмица и Тетово – по 1.

Во тие седум дена тестирани биле 217 примероци од пациенти, од кои еден е потврден позитивен на грип од типот инфлуенца A/H3N2.

Инаку, од почетокот на сезоната карактеристична за грипот, „вкупниот број на заболени изнесува 332 (I=16,0/100.000), 2,2 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона (n=148), но 7,0% помалку во однос на типичната сезонска крива (n=357)“, информира Институтот за јавно здравје.

Како и минатата година, повторно и во оваа сезона „најголем број на заболени лица (n=145) и највисока кумулативна инциденца (514,4/100.000) е регистрирана на територијата на Дебар“.

Грипот е сериозна вирусна болест која ги напаѓа дишните патишта и може да предизвика тешки последици по здравјето.

„Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО) за повозрасните од 65 години, за деца на возраст од 6-59 месеци, за лица со хронични болести, за бремени жени и за здравствени работници“, велат од Институтот.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ