недела, 24 мај 2026

Кризниот штаб не донесе заклучок, за мерките против ковид утре ќе расправа Владата

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Министерството за здравство, Филипче кажал дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка состојба во земјава, како и за покачување на вакцинацијата во државата.

Говорејќи за состојбата во државата, тој образложил дека болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи од 75% до 80%.

Ваков вид, но и многу поригорозни мерки има насекаде во регионот, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија, Холандија и други.

Инаку, за мерките Филипче вечер ќе одржи состанок со Синдикатите за да ги слушне и нивните предлози, кои ќе бидат презентирани и на владината седница. 

На денешниот состанок на ГККШ не беа донесени заклучоци, предлог мерките ќе се разгледуваат утре на седница на Влада.

Согласно предлог-мерките, сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа, сите институции за одење на работно место треба да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат ПЦР негативен тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок. Оние кои го прележале вирусот ќе приложат потврда за прележан ковид-19, не постар од 45 дена, а доколку не можат да примат вакцина, ќе треба да имаат потврда од лекар специјалист.

Покрај тоа, се предлага вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници, а мерките треба да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, за граѓаните да имаат време да се вакцинираат и 30 дена за здравствените работници кои се уште не се вакцинирале.

Препораките се кон овие мерки да се приклучат и приватните компании, со цел да се заштитат производствените капацитети и целокупниот економски процес во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ