недела, 24 мај 2026

И денеска над илјада новозаразени, 10 починати

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
 Најмногу новозаразени има во Скопје – 641, Битола – 134, Охрид – 54, Прилеп – 48, Куманово – 39, Кавадарци – 34, Штип – 33, Гостивар – 26, Струмица – 23, Тетово – 21, Велес – 20, Крушево – 16, Кочани – 14, Гевгелија – 13, Кичево и Струга – по 8, Крива Паланка и Ресен – по 6, Виница – 5, Неготино и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Демир Хисар и Дојран – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод – по 1.
Во последните 24 часа оздравени се 204 пациенти, од Скопје – 120, Битола – 23, Гевгелија – 9, Ресен – 8, Прилеп и Кочани – по 6, Кавадарци и Велес – по 5, Куманово, Струга и Македонски Брод – по 4, Охрид – 3, Штип – 2, Струмица, Кичево, Неготино, Свети Николе и Богданци – по 1.
Регистрирани се 6 починати лица: 4 починати лица од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно починато лице од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, починати во период од 16 декември 2021 до 5 јануари 2022 година. Починатите се на возраст од 48 години до 83 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ