недела, 24 мај 2026

Двајцата пациенти кои беа донесени од софиската болница, денеска одат на домашно лекување

Објавено на

часот

Сподели

„Тие се во добра здравствена состојба, ќе продолжи третманот во делот на психилошката поддршка“, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска, како што најави, од Софија ќе стигнат уште тројца пациенти. Едниот е веќе тргнат, другите двајца ќе тргнат во попладневните часови и ќе стигнат подоцна вечерва. Според Филипче, тие добро се чувствуваат, можат да издржат транспорт. Добро се чувствува и оперираниот пациент, тој веќе е вертикализиран и почнува да оди.

Во тешката автобуска несреќа која се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запали македонски автобус, животот го загубија 45 лица, а седуммина беа повредени.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ