недела, 24 мај 2026

До утре ќе се знае идентитетот на жртвите во автобусот на „Беса транс“, најави Обвинителството на Бугарија

Објавено на

часот

Сподели

Останките ќе бидат донесени в петок и преку организиран државен протокол ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Ова е информација што ја имаме, дополнително ќе информираме во текот на утрешниот ден, изјави портпаролот Муамет Хоџа одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот за здравство Венко Филипче претходно на прес-конференција изјави дека интензивно се работи денеска или утре да завршат ДНК-анализите на починатите во автобуската несреќа, по што ќе се организира транспортот на нивните посмртни останки кон земјава.

„Тоа го работат колегите во Бугарија, нашите колеги тука од Институтот за судска медицина се во секојдневна комуникација со нив. Тоа е нешто што треба да се заврши денеска или утре по што ќе се организира транспортот на телата на починатите“, рече Филипче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ