недела, 24 мај 2026

Денеска почнува тринеделниот зимски распуст

Објавено на

часот

Сподели

Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира бидејќи, според надлежните, состојбата со ковид-19 и натаму е стабилна, иако сојот омикрон е потврден и во земјава, а според експертите тој побргу се шири.

По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди.

Министерка за образование, Мила Царовска повеќе пати информираше дека состојбата во училиштата е стабилна и дека според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта, процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со ковид-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 отсто.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ