недела, 24 мај 2026

Д-р Стевановиќ: Тешко е кога ќе изгубите пациент, но погодуваат и заканите, со нож ни ги сечеа гумите од автомобилите

Објавено на

часот

Сподели

Давате се од себе, се трошите, ретко ги гледате своите семејства, а имате континуирана критика на системот. Но, тоа е наша работа и ќе ја работиме се додека стоиме на нозе, вели д-р Стевановиќ.

Во однос на кадарот, Директорката информира дека во изминатите 12 години, Клиниката добила само 3 инфектолози.

По систематизацијата, имаме потреба од 12 специјалисти-инфектолози. Тоа е огромна бројка, додава д-р Стевановиќ.

Според неа, здравствените системи во побогатите земји работеле со оние пациенти кои имале најголеми шанси за да им помогнат и да ги излекуваат.

Оние со мали шанси за преживување воопшто не ги примаа во болница. Во однос на вакцините, таа е корисна и се однесува на минимализирање на бројката на луѓе кои се заразат со тешка клиничка слика. Ние сме генерација која е вакцинирана со вакцини кои ни од далеку не биле вака испитани и софистицирани како денешните. Сепак и со нив искоренивме многу болести, потенцира Стевановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ