недела, 24 мај 2026

Д-р Стевановиќ: Порастот на бројот на болните од ковид-19 е резултат на неодговорни собирања, прослави и непочитување на белите мантили

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминативе две години бевме сведоци на сериозно непочитување на далеку построгите мерки за превенција од ковид, но нашиот народ очигледно не може никој и ништо да го спречи во прославите, независно од висината на чекот што ќе го платат лично, фамилијарно, а за жал, и колективно. Белиот мантил интензивно и гласно повикуваше за сериозна потреба од одговорно однесување за претпразничен и празничен период, но за жал, толку е вербата во нас и респектот кон нас белите мантили. Се разбира, додека не дојде маката на врата“, вели Стевановиќ во изјава за МИА.

Таа нагласува дека би биле среќни кога граѓаните што сакаат поголема сигурност би се вакцинирале редовно и според препораките се во поголем број. Третата доза вакцина, додава, е неопходна за потенцирање и зголемување на имунитетот и заштитата од ковид-19.

„Ниту пак прележаните, за кои некои мислеа дека се повеќе заштитени, денеска гледаме дека не се. Омикронот има далеку поголема моќ за реинфекција, што деновиве ја констатираме по нашите амбуланти. Што се однесува на заштитата од вакцините, никогаш ниту една вакцина не обезбедила 100-процента заштита. Нивната заштитна моќ ќе биде различна зависно од мутациите на одредени соеви на вирусот. Но од секоја една од нив очекуваме далечна заштитна моќ зависно од мутациите на одредени соеви од вирус, од секоја очекуваме далеку полесна болест“, вели Стевановиќ.

Таа смета дека во моментов никој далекусежно не може да даде прогноза во врска со ширењето на сојот омикрон на вирусот.

Интензитетот на амбулантските прегледи, информира таа, сериозно е зголемен на Клиниката за инфективни болести и затоа апелира пациентите прво да се обратат кај своите матичните лекари за првични инструкции и третман со цел да овозможат време и простор за секој еден потежок пациент да добие соодветно внимание.

„И покрај очекувањата дека инфекцијата со омикрон е полесна, секако дека голем број заболени ќе имаат потреба и од болничко лекување што секако ќе ги пополни болничките капацитети. Мораме да мислиме и на фактот дека интензивно осцилираат и другите зимски вируси, како инфлуенцата, која се манифестира со сериозни симптоми и потреба од болничко лекување. Мора да обезбедиме простор за секој еден пациент што има потреба од лекување“, нагласува Стевановиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ