
Според податоците на Министерството, заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. Ревакцинирани се 56% од граѓаните над 40-годишна возраст, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација на полнолетната популација со една доза вакцина е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години.
Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целото население во нашата земја се вакцинирана, а 38% од населението примиле две дози вакцина.






