недела, 24 мај 2026

Целосно вакцинирани се 37 отсто од македонските граѓани

Објавено на

часот

Сподели

Според податоците од Министерството, заклучно со вчерашниот ден вкупно се вакцинирани 807.528 граѓани, ревакцинирани се 778.482 а трета доза примиле 38.719 граѓани. Ревакцинирани се 54% од граѓаните над 40-годишна возраст, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ