недела, 24 мај 2026

Бројот на активни случаи на ковид-19 се зголемува, интересот за прва доза вакцина и натаму мал

Објавено на

часот

Сподели

Од направени 3.210 тестирања, како што покажуваат податоците од ИЈЗ за изминатите 24 часа, регистрирани се 444 нови случаи на ковид-19, оздравеле 225 пациенти, а осум лица починале.

Од Министерството за здравство соопштија дека во текот на завчерашниот ден аплицирани се вкупно 6.089 дози вакцини, од кои 709  како прва доза, 1.148 се ревакцинирани, а 4.232 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 26 октомври, вкупно се вакцинирани 802.705 граѓани, ревакцинирани 772.424, а трета доза примиле 20.119 граѓани.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираа од Министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 1.372.834 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 200.856, бројот на оздравени пациенти е 187.374, а на починати е 7.087.

Бројот на заразени и починати во другите земји се зголемува, па во некои се воведуваат построги рестриктивни мерки, а во други остануваат во сила одредени санитарни мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ