недела, 24 мај 2026

Бебе позитивно на ковид-19 почина на Клиниката за детски болести

Објавено на

часот

Сподели

До денот на последната хоспитализација, детето е хоспитализирано во Клиничка болница Битола каде поради долнореспираторен инфект е лекувано од 15.11.2021 до 24.11.2021 кога поради влошување на општата состојба и добиен позитивен тест на ковид-19 , е упатено во Институтот за белодробни заболувања во Козле .

По аплицирана терапија и неможност да се одговори на тежината на клиничката слика на детето кое е со континуирано ниска кислородна сатурација од 64%, а во претходен договор , од ИБЗД Козле детето се префрла на Клиника за детски болести како институција од терцијарен карактер, за понатамошен третман и соодветно лекување.

Интензивниот мониторинг и лекување на детето во единица ургентен центар кое од денот на прием е на механичка вентилација, се одвива од 24.11.2021 до 29.11.2021 година , кога и покрај сите превземени дејствија за лекување и реанимација, завршува летално.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ