недела, 24 мај 2026

79 отсто од починатите од ковид-19 во последните 4 месеци не биле вакцинирани

Објавено на

часот

Сподели

Според статистиката за овој период, 69 отсто од позитивните на ковид-19 или 41.747, граѓани не биле вакцинирани. За вакцинирани, како што потсетуваат од Министерството за здравство, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до вчера од вкупниот број починати со ковид-19, 79 отсто биле невакцинирани, а 21 отсто примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. 

Од Министерството исто така напоменуваат дека секоја вакцина која ја има на располагање е безбедна, и истовремено апелираат граѓаните да се вакцинираат, бидејќи само така ќе се постигне колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на СарсКов2. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ