Во Скопје бројот на новозаразени е 152, Битола – 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и Делчево – 10, Велес – 8, Кочани, Свети Николе и Ресен – 7, Штип – 6, Крива Паланка – 5, Тетово и Струга – по 4, Виница – 3, Гевгелија, Демир Хисар и Крушево – по 2, Кичево, Неготино, Берово, Кратово и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 309 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 19 починати лица: 6 починати лица од Скопје (52г, 66г, 78г, 79г, 88г, и 91г), 5 починати лица од Битола (59г, 69г, 79г, 80г и 86), 2 починати лица од Велес (38г и 72г) и по едно починато лице од Штип (71г), Пробиштип (89г), Кавадарци (32г), Кочани (66г), Гевгелија (58г) и Македонска Каменица (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.467.751 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.009, бројот на оздравени пациенти е 199.064, на починати е 7.547, а бројот на активни случаи изнесува 8.398.






