Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 11 до 15 Целзиусови степени.






