недела, 7 декември 2025

Намалување на загадувањето, модернизација на јавниот превоз…СДСМ ја презентира програмата пред скопјани

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со кандидатите за советници, денеска ја презентираа предизборната програма и разговараа со жителите на главниот град, наведува СДСМ во денешното оопштение.

Објавено на

часот

Сподели

Во непосредна комуникација со граѓаните, Шукова ги претстави клучните приоритети од програмата – враќање на функционалноста на градските системи, намалување на загадувањето, модернизација на јавниот превоз и подобрување на услугите што граѓаните ги добиваат од градот.

„Скопјани заслужуваат град што функционира, чист воздух, редовно собирање отпад, ефикасен превоз и вистинска грижа за секој дел од градот,“ изјави Шукова, нагласувајќи дека програмата на СДСМ нуди реални и брзи решенија кои можат веднаш да се спроведат.

Граѓаните изразија интерес за предложените мерки, особено за проектите што се однесуваат на зелените зони, јавниот превоз и подобрување на инфраструктурата.

„Овие средби се најдобар начин да ги чуеме граѓаните и заедно да го вратиме Скопје на вистинскиот пат,“ порача Шукова.

Шукова, вели истакна дека во нејзината програма, приоритет ќе има имплементацијата на БРТ-системот, за што веќе постојат готов проект, документација и обезбедени финансиски средства, се наведува во денешното соопштение на партијата.

„Првата БРТ-линија ќе се протега од Ѓорче Петров до Ново Лисиче, во должина од 13 километри. Ќе има 21 нова постојка и околу 30 нови автобуси што ќе сообраќаат на секои 5 до 6 минути и ќе можат да превезуваат до 65.000 патници дневно“, се наведува во писмената изјава на Шукова.

Таа додава дека линијата може да биде завршена до крајот на 2027 или почетокот на 2028 година, со што Скопје ќе добие модерен, еколошки и ефикасен систем на јавен превоз.

Паралелно со првата линија, како што се потенцира, ќе се изработува и ново решение за север-југ траса, со што ќе се поврзат сите делови на градот.

„Со двете линии ќе добиеме брз, чист и функционален јавен превоз. Предвидена е и набавка на нови еколошки автобуси, по можност на гас, како и изградба на нови пешачки и велосипедски патеки“, најавува Шукова, додавајќи дека овие активности се дел од планот за Скопје како зелен и модерен европски град.

Според Шукова, нејзината програма се издвојува по тоа што нуди реални и веднаш спроведливи решенија за клучните проблеми со што се соочува главниот град.

„Во програмата предвидуваме краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, затоа што на Скопје му е потребен континуитет и враќање на изгубените функции“, истакнува Шукова.

Таа посочува дека меѓу брзите и реални мерки се бесплатните услуги за чистење оџаци за домаќинствата, со што ќе се намали загадувањето на воздухот.

„Граѓаните денес не добиваат соодветна услуга за она што го плаќаат, нема редовно собирање отпад, има проблеми со водоснабдувањето и канализацијата, а пречистителната станица доцни повеќе од две години. Заради неисполнување на обврските, државата веќе 15 месеци плаќа над 100 илјади евра месечно камати кон изведувачите“, се додава во соопштението.

Шукова нагласува дека целта на нејзината програма е брзо враќање на функционалноста на системите и подобрување на услугите за граѓаните, за тие повторно да добијат ефикасен и современ градски сервис

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ