недела, 7 декември 2025

МЗ: Пуштен на домашно лекување доктор Шаини, кој вчера беше ранет во Куманово

Доктор Зекирија Шаини, кој вчера беше ранет при оружен инцидент во центарот на Куманово, денеска е пуштен на домашно лекување од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Директорката на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска за МИА потврди дека пациентот се чувствувал добро.

„Пациентот е во добра општа состојба. По санирање на раните е пуштен на домашно лекување“, изјави Ѓоргиевска Павловска.

Министерството за здравство вчера попладне преку соопштение реагираше дека со вознемиреност ја примиле веста за оружениот напад во Куманово, при што повреден бил нивен колега, доктор Шаини.

„Ја известуваме јавноста дека повредите не се животозагрозувачки и дека докторот е во стабилна состојба и закрепнува. Ќе биде обезбедена целосна поддршка за докторот додека трае неговото закрепнување и рехабилитација. Министерството категорично осудува какво било насилство против здравствените работници и потврдува дека нивната безбедност е приоритет. Ќе работиме на унапредување на мерките за заштита на персоналот во здравството, преку соработка со здравствените установи и локалните власти“, потенцираа вчера од Министерството за здравство.

Воедно беше посочено дека активно ќе се соработува со Министерството за внатрешни работи и локалните власти во Куманово, со цел целосно расчистување на случајот.

Доктор Шаини, според соопштението од МВР, вчера беше повреден во оружен инцидент што се случил на крстосница од улиците „Димитрије Туцовиќ“ и „11 Октомври“ во центарот на Куманово, кога две лица во движење, од огнено оружје пукале во патничкото возило „фолксваген голф “, кое тој го управува. Тој прво беше пренесен во Кумановската општа болница на медицински иследувања, по што беше префлен на скопските клиники.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ