„Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија. Министерот Муцунски ја реафирмираше стратешката определба за членство во Унијата, нагласувајќи ја посветеноста кон спроведување на реформите, унапредувањето на регионалната соработка, добрососедските односи и придонесот кон стабилноста и мирот во регионот“, пишува во соопштението од Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

На средбата, како што се наведува, беше потврдена и континуираната поддршка на Австрија за проширувањето на Европската унија и нејзината важна улога во поттикнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
Двајцата соговорници ги потврдиле одличните билатерални односи меѓу двете држави, при што изразиле подготвеност за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на продлабочување на трговската и економската соработка.






