понеделник, 8 декември 2025

Министерството за финансии денеска ќе ја исплати главницата и каматата од втората граѓанска обврзница

Министерството за финансии (МФ) денеска ќе ја изврши исплатата на главницата и каматата за втората година од издадената втора Граѓанска обврзница. Средствата во износ од 17,6 милиони евра и камата во износ од 880 илјади евра ќе бидат испалтени на сметките на граѓаните кои запишаа обврзници од втората граѓанска обврзница, соопштија од МФ.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Втората граѓанска обврзница, Министерството за финансии ја издаде на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од две години и каматна стапка од пет отсто годишно. Каматата од оваа граѓанска обврзница за првата година беше исплатена минатата година во ноември при што беше исплатен износ од 54.274.000 денари или 880 илјади евра.

Граѓанската обврзница како нов инструмент беше воведен во 2023 година, со цел да се збогати понудата на нови инструменти за финансирање на финансискиот пазар, како и проширување на изворите на финансисрање на економските политики.

Досега се издадени две емисии во вкупен износ од 41,1 милион евра. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра.

Од Министерството за финансии велат дека во изминатиот период се работело на анализа на финансискиот пазар и трендовите во регионот и Европа во насока на диферзификација на понудата на финансиските инструмени за инвестирање и веќе се работи на подготовка на нова емисија граѓанска обврница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ