Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба вели дека досега веќе имале една лидерска среба со лидерот на СДСМ, Филипче.
„Па добро често пати ме канат на лидерски средби. Ние имавме една лидерска средба со господинот Венко Филипче. Доколку би имало потреба од таква лидерска средба не гледам зошто не би ја организирале. Но, во моментов не гледам таква причина, зошто би организирале лидерска средба, уште една“, вели Мицкоски на прес-конференција по потпишувањето на договорите за инфраструктурни проекти со единиците на локалната самоуправа во рамки на вториот повик објавен од Владата.






