недела, 14 декември 2025

Меџити: Улицата „Ферид Мурати“ во Чаир се реконструира со инвестиција од 1 милион евра

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес информираше за еден од најголемите инфраструктурни проекти во Чаир-целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“, се вели во соопштението.

Објавено на

часот

Сподели

Во соработка со Општина Чаир, Светска банка и Министерството за транспорт, се гради модерна улица со должина од 1 километар. Меџити истакна дека инвестицијата изнесува 1 милион евра.

„Проектот опфаќа комплетно асфалтирање, две регулирани коловозни ленти, стандартизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни на улицата, легално паркирање и нов систем за улично осветлување. Постоечките семафори ќе бидат заменети со модерен кружен тек“, рече Меџити.

Работите се очекува да завршат до март 2026 година. Оваа инвестиција ќе овозможи современи услови за движење на граѓаните, побезбеден сообраќај и функционални простори за жителите на Чаир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ