недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Лукроски: Ќе формираме јавно претпријатие „Карпош план“, со кое ќе воведеме ред во урбанизмот

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори, Сотир Лукровски вечерва на митингот во општината вети дека Карпош ќе стане уредена и зелена општина, со нови паркинзи, катни гаражи, реновирани паркови и спортски зони, како и дека ќе се решаваат проблемите со дивата урбанизација, а и ќе се реновираат градинките и училиштата.

Објавено на

часот

Сподели

„Вечерва не ви се обраќам како политичар, туку како човек. Како татко, сопруг, пријател, кој исто како сите вие, го живее секојдневјето на Карпош. И тогаш си велам – доста е. Ваквиот Карпош, не е нашиот Карпош. Карпош заслужува повеќе. Заслужува ред, чистина, зеленило, безбедност и гордост, рече Лукровски во обраќањето митингот во општина Карпош, во рамки на изборната кампања 2025 година со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!.

Тој истакна дека со новото јавно претпријатие и редари, ќе се воведе ред и безбедност, а Карпош ќе биде место за култура, спорт и заедништво, со нови патеки, настани и активни маала.

„Во Карпош ќе има каде да се паркираме. Ќе изградиме нови паркинг-места и катни гаражи со соларни панели. Ќе ставиме ред во сообраќајот. Ќе воведеме еднонасочни улици, јасна сигнализација и вистинска безбедност за сите. Ќе ставиме крај на дивата урбанизација. Доста е со мафијашки зделки и бетонски пустини. Јас нема да бидам ничиј партнер во инвестициите. Ќе формираме јавно претпријатие „Карпош план“, со кое ќе воведеме ред во урбанизмот и ќе ги решиме илјадниците легализации, транспарентно и чесно, заедно со вас сите, граѓаните“, изјави Лукровски.

Тој нагласи дека Карпош мора да биде зелен, чист и уреден.

„Постојните паркови да ги  блеснеме, ќе се гордееме со новиот парк 1020, ќе спортуваме и ќе се рекреираме во новата рекреативна зона Карпош хајкинг делта, тротоарите мора да бидат безбедни, клупите ќе ги обновиме, улиците да ни светнат. Ќе создадеме подобри услови за најмладите. Ќе отвориме нови места во градинките, ќе ги реновираме училиштата и воведеме редари во и надвор од нив, ќе воведеме униформи со печат на општината, симбол на нашето заедништво и на нашата гордост. Карпош ќе живее со спорт и култура. Ќе поддржиме спортски клубови, ќе изградиме нови патеки, сали и забавен парк со картинг. Нашите маала ќе оживеат со концерти, улични настани и уметност на секој ќоше“, додаде Лукровски.

Тој изјави дека општината ќе биде отворена за граѓаните, без затворени врати и политика за поединци и дека тој секој ден ќе биде на терен, во контакт со народот, со поддршка за пензионерите, лицата со попреченост и сите карпошанци.

„Ќе ја вратиме општината во рацете на граѓаните. Нема повеќе затворени врати. Нема повеќе политика на поединци. Секој ден ќе сум еден од вас, секој ден ќе сум на терен меѓу вас, меѓу луѓето, меѓу народот, меѓу граѓаните на општина Карпош. Ќе дадам поддршка и за пензионерите, за лицата со попреченост, за секој карпошанец. Ќе ги обновиме фасадите, лифтовите, јавните простори“, рече Лукровски.

Тој нагласи дека локалната самоуправа нема да биде сама во реализирањето на плановите за развој на Карпош, а со поддршка од централната власт ќе се реализираат големи инвестиции и капитални проекти, со цел да се создаде Карпош кој ќе одговори на современите стандарди за живеење.

„И што е најважно од сè, локалната самоуправа нема да биде сама во реализацијата на мисијата и визијата за развојно ориентиран Карпош, каков што му доликува на современиот тренд на живеење. За сите капитални проекти ќе ја имаме поддршката од централната власт, во која го имаме моторот на обновата на Македонија, нашиот карпошанец, претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски. Заеднички ќе реализираме големи и значајни инвестиции и капитални проекти во нашата општина“, заклучи Лукровски.

Пред граѓаните се обрати и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, кој меѓу другото истакна дека Клучката Момин Поток мора да се заврши и оти нејзината доизградба ќе го деблокира сообраќајниот хаос во целиот северозападен дел на градот. Тој вети дека шест месеци од назначувањето како градоначалник на град Скопје ќе се реши мостот на Љубљанска и конечно ќе биде ставен во функција, како и решавањето на клучката Момин Поток која исто така ќе биде довршена.

„Кога ја работевме програмата заедно со вас, она што најмногу го приметив кај нив беше, тоа дека се изморени со години некој да ве лаже и да ви ветува напразно, Тоа напразно ветување е поврзано и со мостот на Љубљанска, којшто сакам да ветам денеска пред сите, дека за шест месеци откако ќе станам градоначалник на градот Скопје конечно ќе биде ставен во функција и ќе биде конечно растеретено тоа сообраќајно тесно грло. Сакам да ја споменам и клучката кај Момин Поток, и таму ќе имаме сериозен акцент и за многу скоро и клучката кај Момин Поток ќе биде довршена. Кога сме кај проектите за Карпош, сакам да го истакнам мегапаркот кај Лепенец. Тоа беше барање од сите граѓани, така што во првите шест месеци ќе започнеме со изградба на овој мегапарк, каде што сите карпошани ќе можат да се рекреираат со своите семејства. Во наредните четири години постојните паркинзи ќе бидат целосно реорганизирани, ќе се воведе зонско паркирање, но и ќе поставиме нови монтажни гаражи за да се среди хаосот со паркирањето“, истакна Ѓорѓиевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ