среда, 13 август 2025

Kуќен притвор и мерки за претпазливост за напаѓачите на градоначалничката Арсовска

Судија од скопскиот Кривичен суд определил мерка куќен притвор за првиот осомничен и мерки на претпазливост за второосомничениот дека вчера ја нападнале градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Објавено на

часот

Сподели

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, осомничени за кривичното дело насилство, а поврзани со вчерашниот напад на градоначалникот на Градот Скопје, донесе решенија со кои, С.Љ., осомничен дека вербално и физички ја нападнал оштетената му се определува мерка куќен притвор во траење од осум дена, со оглед да се работи за скратена постапка, а на второосомничениот, исто така со иницијали С.Љ, кој се товари дека се заканувал кон оштетената, му се определуваат мерки за претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за повремено јавување во судот, одземање на патната исправа и забрана за приближување и контактирање со одредени лица“, велат од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот наведуваат дека против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Градоначалничката Арсовска била нападната вчера додека со колеги од Град Скопје правела увид на дивоградба во Општина Чаир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ