Во своето вечерашно обраќање, Коњановски се заблагодара за поддршката и довербата од битолчани и најави континуирана работа во Општина Битола.
„Благодарам на довербата што ми ја дадовте да продолжиме таму каде што застанавме, иако всушност ние никогаш не застанавме. Поддршката е огромна и тоа е огромна чест, но и одговорност за и понатаму да продолжиме заедно по патот кој го зацртавме. Огромна благодарност до сите граѓани, од сите етникуми затоа што Битола е мултикултурен и мултиетнички центар. Оваа победа е заедничка. Оваа победа е победа на граѓаните на Битола кои го знаат патот по кој ќе продолжи градот, но и поактивно затоа што граѓаните препознаа што работевме во изминатите четири години, а така ќе продолжиме“, истакна Коњановски.
Старо-новиот градоначалник на Битола Тони Коњановски вечерва се заблагодари и на противкандидатите за фер и демократска битка.






