Според пишувањето на Кирков, резултатите се добиени од патолошките наоди на погинатите животни од Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт и од Агенцијата за храна и ветерина.
„Информациите кои ги добивам од Зоолошката градина внатре и од вработените е повеќе од аларматна. Зоолошката е контаминирано подрачје од оваа болест, се сомневаме дека цели реони се зафатени, вработените се оставени сами на себе без никаква опрема соодветна на ваков тип на епидемија, подложени се на мобинг за да молчат за се што се случува внатре, додека дневно гледаме дека има стотици посетители кои поминуваат низ живеалиштата каде починаа овие животни. Менаџментот молчи, речиниси и да го нема, ова кое се случува во оваа установа е загрозување на општа опасност по вработените, посетителите и животните. Апелирам, алармирам веднаш државните институции да направат вонреден инспекциски надзор и да постапат согласно протоколите кој ги налага ЕАЗА и Светската здравсгвена организација. Итна проверка на сите вработени да се тестираат како и земање брисеви од сите животни и живеалишта, доколку е потребно и времено затворање на оваа установа се додека не се процени дека е безбедна!“, тврди Кирков.
Според него менаџарите на Зоолошката градина, Попов и Стаменов молчат, ги нема на работнното место, ги нема на седниците на Совет, ги нема да одговорат „за цел овој хорор кој се случува во нашата зоолошка“.
„Заедно со мојата советничка група од ВМРО –ДПМНЕ планираме да поднесеме и кривична пријава против гореспоменатите за секое едно животно и за сѐ што овие луѓе и направија на најстарата зоолошка градина во Европа која догодина ќе прави 100 години од своето постоење, установа која беше и треба да биде лицето на нашиот град! Според информациите од јавен карактер кој ги побарав од ЗОО Скопје и ги добив, за само три години починаа повеќе од 50 животни. До сега не видовме никаква одговорност, истрага или било што од менаџментот, Попов И Стаменов! Во оваа установа имаше колење на коњи, труење на коњи, труење на волци, труење на бербески овци, угинати животни од плевмонија, угинати животни од бактерии, салмонела од расипана исхрана, угинати животни од непознати причини и многу уште за што сето тоа ке биде представено во правна постапка против горенаведените за кој треба и тоа како да одговараат! Одговорност мора да има и ќе има!“, пишува Кирков.






