„Ме радува тоа што има хумани луѓе од Тиквешијата, но и од целата држава. На мојот апел да помогнеме, позитивно одговорија производители на мед, но и населението кое купува пчелни производи. Сите собрани финансиски средства ќе бидат донирани на семејството“, појасни Шишков.

Шишков потсети дека девојчето имало проблеми со нозете и изрази надеж дека во многубројните акции што се организираат за негова поддршка, ќе се успее да се обезбедат финансиски средства за третмани во Мексико.

Продадени се 150 тегли мед од пчелари од цела држава.






