недела, 14 декември 2025

И Општина Аеродром сама почна да си го чисти ѓубрето, Комунална хигиена молчи

Комуналните служби на Општина Аеродром само денеска собраа повеќе од 10 тони отпад кои завршија во „Дрисла“.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова не е еднократна акција – ова е наша секојдневна работа. Нашите општински служби се на терен, додека Градското комунално претпријатие кое треба да ја изврши оваа работа, е неажурно и немо. Доста е! Граѓаните плаќаат за чиста и уредна средина, а не за депонии и ѓубришта. Никој нема право да го загрозува нашето здравје и иднината на нашите деца. Од утре продолжуваме уште поинтензивно.

Ако нема веднаш реакција од ЈП ‘Комунална хигиена’, како градоначалник ќе поднесам кривична пријава за загрозување на животната средина согласно член 218 од Кривичниот законик, и секојдневно ќе барам постапување од oбвинителството и od МВР“, објави вечерва в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Ова, како што истакна Митески, не е политика – ова е прашање на достоинство, здравје и иднина.

Вчера и вработените во Општина Центар почнаа да го чистат ѓубрето околу контејнерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ