вторник, 9 јуни 2026

Груевски: Лага се наводите за моја поврзаност со Александар Маленко

Никола Груевски преку објава на социјалните мрежи ги демантира наводите дека се познавал или имал било каков контакт со Александар Маленко.

Објавено на

часот

Сподели

Тој ги отфрла и наводите дека непосредно пред заминувањето од Македонија со семејството престојувал во хотел во Охрид кој го споменува Маленко во јавноста.

Посочува дека, како што вели, тоа лесно може да се утврди преку тогашните обврски на членовите на неговото семејство, како и неговите бројни состаноци во Скопје во тој период.

Во објавата се наведува и дека претходно, околу седум месеци пред тоа, престојувал во истиот хотел за време на велигденските празници, при што, како што тврди, тогаш дознал дека хотелот е во сопственост на таткото на тогашната сопруга на Маленко.

Груевски додава дека генерално не реагира на, како што ги нарекува, чести напади и лаги кон него, но овојпат се огласил поради тоа што, според него, во приказната биле спомнати и членови на неговото поранешно обезбедување, кои, како што тврди, немаат никаква поврзаност со неговото заминување од државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ