недела, 7 декември 2025

ФУЕН ја усвои Резолуцијата за заштита на Македонците во Албанија

Генералното собрание на Федералната унија на европските националности(ФУЕН),  на 69-от Конгрес едногласно усвои Резолуција поднесена од Македонско друштво “Илинден” – Тирана. -ФУЕН ја повикува Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици, информираше Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден“.

Објавено на

часот

Сподели

„ФУЕН ја повикува Албанија, Комитетот за малцинства, кој е владин орган, да се трансформира во министерство за национални малцинства. Исто така ја повикува албанската влада да ја ратификува европската карта за регионалните малцински јазици“, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Според него на Конгресот учествуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

„Конгресот се фокусира на дискусии за актуелните случувања во политиката на малцинствата, средбите со регионот домаќин и неговите модели за заштита на малцинствата, како и идниот развој на ФУЕН“, посочи Ѓурѓај.

Конгресот, се одржува во Болцано, Јужен Тирол, Италија, почна вчера,а завршува во недела.

МД “Илинден” десет години е рамноправна членка на ФУЕН, редовно учествува на конгреси на кои поднесува резолуции за полжбата и правата на македонското малцинство во Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ