недела, 7 декември 2025

Гаши-Фон дер Лаен: И во најголемите предизвици, граѓаните не се поколебале во однос на членството во ЕУ

Претседателот на Собранието на Република Македонија Африм Гаши оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, на која истакнал дека нејзината посета на Скопје претставува поддршка и афирмација на цврстата определба на државата да остане на европскиот пат.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти собраниската прес-служба, Гаши посочил дека за Северна Македонија, како земја кандидат, Европската Унија не е само политички и економски блок, туку претставува посветеност на вредностите како демократијата, владеењето на правото, човековите права и солидарноста.

Собранискиот спикер истакнал дека и кога земјата се соочувала со најголемите предизвици, граѓаните не се поколебале во однос на членството во ЕУ.

Гаши нагласи дека слоганот на ЕУ „обединети во различностите“ најдобро ја опишува Македонија, а изрази и благодарност за Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, кој ветува значително подобрување на економскиот и социјалниот развој на државите во регионот и нивна поголема интеграција во ЕУ, стои во соооштението на собраниската прес-служба. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ