понеделник, 15 декември 2025

Виновен е дедо му кој пред 45 години изградил вила во Маврово, а не соседот кој сега гради хотел

Објавено на

часот

Сподели

Здружението Спас за Маврово во април годинава од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам побара инспекциски надзор на постапката за донесување на урбанистичкиот проект Блок 24 ГП 24.39 на КП 2048/2 во Маврово. Се работи за хотел во изградба, непосредно под хотелот Бистра. За новата градба од Спас за Маврово сметаат дека ја нарушува постоечката статика на куќата на соседот Чедомир Дамјановски. 

с

Во известувањето на инспекторатот од 12 мај се вели дека постапката е водена според Законот за урбанистичко планирање, односно дека биле почитувани правилата за дозволено растојание од 1,20 метри и помошни отвори за вентилација и дневно светло со парапет од најмалку 1,60 метри.

„Притоа од наша страна е нотирано дека странката Чедомир Дамјановски како сопственик на дел од КП 2048/1 и КП 2048/3 со постојните градби е приближен до градежната парцела на растојание помеѓу 0 и 1,20 метри кое не е дозволено растојание за диспозиција на површина за градење согласно член 107 став 4 од Правилникот за урбанистичко планирање.

в

Заради спречување на нарушувањето на постоечката статика на куќата во сопственост на Чедомир Дамјановски ве упатуваме да се обратите до овластениот градежен инспектор на Општина Маврово Ростуше чија надлежност е да излезе на лице место и да ја утврди фактичката состојба и да преземе потребни мерки“, се вели во известувањето на ДИГУ.

Ова во превод значи дека всушност дедо му на Чедомир Дамјановски кој ја изградил вилата пред 45 години е виновен за тоа што напукнале ѕидовите затоа што бил преблиску до границата на парцелата на новиот сосед.

„Ова е навистина будалаштина. Па куќата е изграден пред 45 години. Ова беше државно земјиште. Кога лани почна копањето за новиот хотел алармирав до Општина Маврово Ростуше, издадоа едно времено решение за стопирање на градбата и толку. И сега инспекторатот пак ме праќа таму, а хотелот е веќе речиси готов“, вели Дамјановски.

Неофицијално, инвеститор на овој објект е судија на Апелацискиот суд од Гостивар.

За овој објект МКД.мк пишуваше уште лани во септември. Лани на 31 август фирмата и инвеститорот добиле решение за прекин на изградбата на хостел под хотелот Бистра во Маврово затоа што со почетокот на ископот ги довел во опасност околните објекти.

р

И покрај решението изградбата на објектот непречено продолжи.   

Објектот е од втора категорија „за времено сместување – хостел, пансиони и згради апратмани со студија“. Градежниот инспектор тогаш увидел дека ископот се врши на површината на целата парцела, а јамата не била обезбедена поради стрмниот наклон на земјиштето. Рокот од 15 дена тогаш помина, не дојде до затрупување на градежната јама и враќање на земјиштето во првобитна состојба, како што пишуваше тогаш во решението. Изградбата продолжи, а годинава инспекторите утврдиле дека всушност вината е во семејството Дамјановски кои пред 45 години дошле до 1,20 метри од меѓата на новиот сосед.

                                                                                                                                                   А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ