понеделник, 8 декември 2025
Локални избори 2025

Дуел со соопштенија на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувања за епски криминал и куферчиња од Бугарија

Кој ќе одржи прес конференција денеска во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да ги прогласи Мицкоски и Николовски за епски криминалци? Кога беа опозиција Мицкоски, Николовски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци држеа прес-конференции, обвинувајќи дека фирмата ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби“, „сомнителна компанија“, „епски криминал“, се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Мицкоски и ДПМНЕ изјавуваа дека ќе го раскинат договорот, дека ќе бараат истраги, кривична одговорност. Имаа полни усти со големи зборови за наводен криминал и бараа Јавното обвинителство да постапува.

И сега кога се власт, склучија договор со истата таа компанија – ИРД инеженеринг.

Ако ИРД инженеринг беше „симбол на злоупотреби“, како што тврдеше Мицкоски, тогаш зошто потпишува договор со нив?

Дали тоа значи дека сега и Мицкоски е дел од епскиот криминал?“, прашуваат од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, во денешното соопштение велат: Лагите, триковите се карактеристика за раководството на СДС, поточно на актуелниот претседател Венко Филипче и неговиот струмички гуру Зоран Заев.

„Филипче сега зборува за некакви црвени линии кон Бугарија, но тој како и неговиот другар Заев се веќе прочитани.

Повеќе од очигледно е дека црвените линии на Филипче се само еден подарок од СДС за Бугарија, или уште едно попуштање кон Бугарија. Или, уште една бонбона -бизнис од СДС за Бугарија.

Се сеќаваме на кажувањата на поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов дека финансиски ја помогнал СДС и тоа директно, поточно преку куферче пари за менторот на Филипче, Заев.

Прашањето сега е, ако Заев земал куферче од Борисов, сега какво куферче земал Филипче?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека нема да дозволат распродавање на ништо што е од Македонија – или тоа што за Филипче е добро, за граѓаните и за Македонија значи само едно, ново предавство.

„За црвените линии на Филипче кои значат само уште еден бонбона бизнис од СДС за официјална Софија, сега има пречка, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, сега вистинскиот избор е ВМРО-ДПМНЕ“, порачуваат од партијата во соопштението.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ