недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

ДИК со апел до изборните органи да не ја попречуваат работата на медиумите

Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа на терен. На медиумските работници од Македонија не им е потребна акредитација од ДИК за да ги следат изборите, туку тие се идентификуваат едноставно со беџот издаден од нивната новинарска куќа или од новинарските здруженија во државата, апелира портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани.

Објавено на

часот

Сподели

Тој напомена дека ДИК неколку пати им укажала на изборните органи како да се однесуваат во однос на македонските медиуми.

„Неколку пати од страна на ДИК им е укажано и ви стоиме на располагање ако имате таккви потешкотии при известувањето на терен, да ви помогнеме во тој дел. Секако, известувањето од терен сноси права и одговорности, но и правила на игра кои се однесуваат и на изборните органи и на новинарските екипи – да не го попречуваат изборниот процес и да не ја загрозуваат тајноста на гласањето“, истакна Шабани, одговорајќи на новинарско прашање во врска со попреченоста на работата на новинарските екипи во избирачкото место 2918 во Чаир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ