„Гласањeто денес започна во 7 часот утринава и се одвива непречано во сите општини и Градот Скопје“, се вели во соопштението од ДИК.
Според нивните податоци, денеска своето избирачко право го остваруваат 4.826 болни или немоќни лица, 1.256 лица во 14 казнено-поправни установи и 214 лица сместени во 13 центри за вонсемејна грижа.
Во вториот круг од Локалните избори 2025, утре се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.
Право на глас имаат 1.013.375 граѓани.






