недела, 7 декември 2025

Денеска и утре – облачно со повремен дожд, до крајот на неделата – стабилно и суво време

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

УХМР најавува дека утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, до засилен северен ветер вдолж Повардарието. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ