понеделник, 7 април 2025
Изјава на директорот на Институтот за судска медицина во Скопје

Д-р. Станков: Интензивно се работи на обдукциите за да може починатите да се предадат на семејствата

Директорот на Институтот за судска медицина во Скопје, д-р. Александар Станков вели дека интензивно работат на обдукција и идентификација на телата на загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

„Работиме интензивно на процесот на идентификација и на утврдување на причините за смртта, со цел да ја завршиме работата што е можно побрзо за да може роднините што поскоро да ги преземат посмртните останки од нивните блиски“, рече Станков.

Тој кажа дека работат во тимови заедно со претставници на Министерството за внатрешни работи, но не откри детали до каде е со процесот, односно кога би бил завршен и што е утврдено со обдукциите досега. Извештаите од обдукционите наоди по нивното завршување се испраќаат во Обвинителството каде во тек е истрага за големата трагедија.

Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 150 настрадани се згрижени во земјава и странство. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ