Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски денеска изјави дека треба да и се даде шанса на Лукоил Македонија и дека може да снабдува деривати од други земји.
„Имав средба со претставникот на Лукоил Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, Лукиол може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати. Досега, најголем дел обезбедувал од Бугарија, но може да обезбедува и од други земји, така што во тој дел треба да му дадеме шанса и понатаму да работи. Не мора да се снабдува со деривати обезбедени од руски рафинерии“, рече Бислимоски.
„Лукоил“ во земјава има 40 бензински пумпи и 10 резервоари со вкупен капацитет од 8.320 кубни метри.






