Како што појаснуваат од АВМУ, двете телевизии на 19 октомври при известувањето за време на вториот ден од изборниот молк, емитуваа изјави од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, носител на функција во орган на власта. ТВ Вистел во два наврати емитувала прес-конференција на министерот Тошковски, додека ТВ 24 Вести во вестите во 10 часот емитувала изјава од истиот министер.
Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ 24 Вести е достапен на линкот.
Извештајот од надзорот над изборното медиумско претставување на ТВ Вистел е достапен на линкот.






