Опозициските тенденции во Македонија се престројуваат зад Левица, изјави Апасиев по вториот круг од локалните избори.
„Во изминативе два месеци постигнавме нешто што не можевме да го замислиме, 60 илјади луѓе ја избраа нашата опција за Скопје“, рече Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје. Тој се заблагодари и на гласачите од СДСМ, со порака – браната е пукната и ние сме вашата опција.
Од партијата најавуваат дополнителна мобилизација во следите две ипол години, до парламентарните избори во Македонија, на кои Левица претендира да биде прва политичка сила во Скопје, велат од партијата.






