недела, 7 декември 2025

10 милиони евра на Електродистрибуција за зајакнување на нисконапонската мрежа

Екипите на Електродистрибуција, во првите 6 месеци од  годинава, успешно реализираа повеќе инфраструктурни проекти насочени кон модернизација и подобрување на нисконапонската мрежа. Главниот фокус на овие активности е зголемување на стабилноста на системот, намалување на загубите и воведување современи решенија во управувањето со дистрибутивната мрежа.

Објавено на

часот

Сподели

Во рамки на проектите беа поставени 135 километри нова нисконапонска мрежа, заменети старите столбови и проводници, како и инсталирани нови далечински уреди за мерење на нови локации.

Вкупната вредност на инвестициите за овој период изнесува 10,4 милиони евра, додека дополнителни два милиони евра се планирани до крајот на 2025 година. Со овие инвестиции, Електродистрибуција ја зајакнува дистрибутивната мрежа и поставува уште постабилна основа за понатамоштен развој на енергетскиот систем.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ