Македонија тргна одлично, го добивме првиот сет со фантастични 25-15, ништо не наговестуваше катастрофа во продолжението, но тоа се случи.
Наредните три сета им припаднаа на Грците со 25-18, 25-23 и 25-20 за нивна победа од 3-1 во сетови.
Никола Ѓорѓиев со 25 поени беше најефикасен на мечот во нашата репрезентација, Љафтов имаше 15, Савовски 13.
Квалификациите ќе ги доиграме следното лето кога дома ќе ја пречекаме Грузија, а ќе гостуваме кај Грција.