По поразите од Израел и Естонија, загубивме и од Чешка. За разлика од претходните дуел овојпат барем париравме во првото полувреме во кое често го имавме водството. Паднавме дури пред крајот од втората четвртина, па Чешка на одморот замина со предност од 45-39.
Во второто полувреме ја пресликавме лошата игра од претходните два меча, Чешка брзо дојде до двоцифрена предност која ја задржа до самиот крај за победа од 94-82.
Убедливо најдобар во нашиот тим беше Ти-Џеј Шортс кој реализираше 27 поени, двоцифрени беа и Андреј Андоноски со 14 и Војдан Стојановски со 13 поени.
Македонија со три порази го заврши настапот во претквалификациите за ОИ, следен предизвик се квалификациите за Европското првенство 2025.