Македонската фудбалска репрезентација од денеска е на 68. место на ранг-листата на ФИФА со пад од три места.
Ова се должи на напредокот на репрезентациите од Азија и Африка, кои изминативе недели ги играа своите континентални натпреварувања.
Па така пред Македонија сега се најдоа ДР Конго, Зелен ’Рт и Узбекистан.
На врвот нема никакви промени, Аргентина останува лидер, а зад неа се Франција и Англија.