понеделник, 7 октомври 2024

Македонија со голови на Барди и Миовски ја победи Ерменија (ВИДЕО)

По речиси една година македонските навивачи се израдуваа на победа на нашата фудбалска репрезентација, Македонија со 2-0 ја совлада Ерменија иако цело второ полувреме игравме со играч помалку поради исклучувањето на Зајков.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија го прекина постот, конечно победивме, прв триумф по октомври минатата година кога исто така славевме над Ерменија.

Избраниците на селекторот Милевски денеска се прикажаа во многу подобро издание од претходно и заслужено дојдоа до триумф, а тој можеше да биде и поубедлив доколку искористевме дел од шансите во првото полувреме.

Првите 45 минути поминаа пред голот на голманот Огнен Чанчаревиќ. Македонија создаде повеќе шанси, но не го најде патот кон неговиот гол. Најсериозната можност ја имаше Елмас во 21. минута кога странично излезе сам пред голот на Ерменија, но Чанчаревиќ беше поуспешен од него. Во првиот дел од мечот се заканија и Бабунски, Барди, Зајков, но гол немаше.

За маките да бидат поголеми, Зајков во самиот финиш од првото полувреме заработи втор жолт картон поради приговор и Македонија остана да го доигра мечот со фудбалер помалку.

Но и покрај тоа што имавме човек помалку на теренот продолживме да го загрозуваме голот на противникот.

Во 70. минута Барди постигна спекатакуалрен гол од слободен удар за водство на Македонија од 1-0.

Девет минути подоцна гол даде и Миовски по една соло акција во шесанесетникот на противникот, поведовме со 2-0 и веќе беше јасно кој ќе го добие натпреварот.

Во финишот од мечот Ерменија ја имаше најдората своја шанса кога по една несигурна интервенција на Димитриевски топката ја погоди пречката и стативата.

На крајот Македонија се радува на заслужена победа за привремен мир во репрезентацијата која беше мета на многу критики во изминатиот период.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ