Во заедничкото сооопштение Бислимоски и Божиноска наведуваат дека во дел од земјите на Југоисточна Европа се регистрираат нетипично високи цени на пазарот на електрична енергија и дека од директорот на Европската енергетска заедница Лорковски бараат да мобилизира екипа која ќе направи детална анализа и ќе ги скенира причините поради кои се регистрира голема нерамнотежа на цената на струја од земја до земја.
Фото архива: Божиновска и Лорковски
Во дописот испратен до Лорковски, меѓу другото, пишува:
„Почнувајќи од крајот на јуни 2024 година, а особено во јули и август, цените на електричната енергија во регионот на Југоисточна Европа се значително повисоки од цените во останатиот дел од Европа. Просечните цени на пазарите ‘ден однапред’ во јули 2024 година се движат од околу 159 евра за M/Вч во Албанија, додека во Франција се околу 46 евра за М/Вч. Најзабележливи ценовни отстапувања во овој период се регистрирани во Албанија и Романија, како и во други земји од регионо“.
Инаку, освен Македонија со овој допис, заради истата состојба реагирале и ресорните министерства од Грција, Бугарија и Романија.