„Црвено-жолтите“ не напредуваа на најновата ранг листа на ФИФА и покрај тоа што освоивме нешто под осум поени, Македонија остана на 65. место.
Главна вест е промената на врвот, Аргентина по шест години пауза се најде на првото место и го симна од тронот лутиот ривал Бразил.
Победите во пријателските пресметки со Панама и Курасао им помогнаа на „гаучосите“ да напредуваат, како и поразот на „кариоките“ во тест натпреварот против Мароко. Бразил не само што го загуби врвот, назадуваше на позицијата број 3, Франција се протна пред нив по триумфите над Холандија и Ирска во квалификациите за ЕВРО 2024.
На останатите позиции во топ 10 нема промени.