Од Министерството за надворешни работи брифираат дека за таканаречениот француски предлог плус веќе постои дијалог со сите стратешки партнери на земјата и тие официјално не го прифаќаат, но не го ни отфрлаат.
„Владата ќе бара и ќе нуди решенија кои ќе го штитат и државниот интерес. За да се прифати предлогот за уставни измени со одложено дејство нема потреба да се сменат Заклучоците, бидејќи тие не се правен документ. Македонија веќе има направено премногу отстапки и немаме доверба дека уставните измени со Бугарија ќе бидат последното барање за отстапка во преговорите. Премногу концесии се направени од наша страна и немаме доверба дека ова ќе биде последна отстапка. Но со дијалог може да се дојде до решение“, велат дипломатските извори од МНР.
Македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски и шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на 19 септември ќе биде во Брисел на средби со челниците на Европската унија за кои и натаму стратешки интерес е проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
Ова суштински би значело дека Македонија не ја избегнува обврската за уставни измени како што се бара со францускиот предлог, но оти примената би била со одложено, односно со приемот на земјата во ЕУ.
А.Д.